Македонија
11. March 2016 - 14:22

На езерото „Младост“ се гради спортска патека за крапски риболов во Македонија

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Р. Македонија Илија Димовски, денеска направија увид на градежните работи на бреговите на езерото Младост, владин проект од 5 милиони и 800 илјади денари преку Управата за рурален развој.
 
Паралелно со средувањето на бреговите на езерото „Младост“ во тек е изградба на патека за спортски натпревари во крапски риболов,прва од ваков вид во Македонија. Проектот кој е според сите европски и светски стандарди се реализира во партнерство со Риболовната федерација на Македонија и со Спортските риболовни друштва од Велес: „Бабуна“ „Кркушка“ и „Металург“.
 
Нивни претставници денеска одржаа средба со градоначалникот Чадиев и пратеникот Димовски и се договараа за пооделни детали кои им се неопхдни за натпреварите.Спортските риболовци воедно најавија дека планираат во мај годинава да го одржат и првиот натпревар во крапски риболов.
 
Како што информира градоначалникот Славчо Чадиев, на езерото „Младост“ ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци и летниковци, а ќе се продолжи и патеката за рекреативно трчање покрај езерото „Младост“.  
 
- Овие проекти се дел од низата активности што Општина Велес ги презема за подигнување на атрактивноста на езерото „Младост“ и создавањето услови за тоа да прерасне во вистински туристичко-рекреативен центар за домашните и странски туристи,потенцира Чадиев.
 
Воедно информира дека   во прилог на овој проект ќе се изгради и мото-крос патека,  за што веќе е изработен проектот, а  утврдена е и локацијата.