-->
-->
На бесплатен одмор 33 деца од Крива Паланка и Ранковце
-->

Триесет и три деца од семејства во социјален ризик од Крива Паланка и Ранковце утринава заминаа на бесплатен летен одмор во Струга во рамки на проектот за бесплатно летување кој го реализира Министерството за труд и социјална политика.
Децата се на возраст од петто до деветто одделение, а од денеска до 11 август ќе летуваат во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга. За дечињата во Струга ќе се грижат тројца волонтери од општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, Снежана Димитриевска, Свете Милановски и Слободанка Младеновска.
- МТСП четврта година им овозможува на дечињата од ранливите категории од двете општини да можат како сите нивни врсници да поминат незаборавни мигови на одмор и рекреација. Ние како волонтери на Црвен крст помагаме за грижата и анимирањето на дечињата во текот на нивниот одмор. Во рамки на проектот децата се рекреираат, одмараат, спортуваат и учат да пливаат, а имаат организирани и културно-забавни активности, изјави Снежана Димитриевска, волонтер во ОО на Црвен Крст, Крива Паланка.
Димитриевска додаде дека со овој проект дечињата од семејствата во сицијален ризик се социјализираат и разменуваат позитивни искуства со дечињата од цела Македонија, нивни врсници, а, како што рече, стекнуваат и нови пријателства, што е уште една многу важна придобивка.
Ова е четврта година од имплементирањето на Проектот за бесплатен летен и зимски одмор за децата од социјално ранливи семејства, приматели на социјална парична помош, деца без родители или самохрани родители и деца со пречки во развојот на МТСП. Досега правото на бесплатно летување со 6 полни пансиони го искористиле околу 6.000 деца, додека на зимување биле околу 3.000.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
