На автопатот Велес-Градско денеска и утре изменет сообраќаен режим поради градежни работи
На автопат А1, делница Велес – Градско денеска и утре ќе има промена на режимот на сообраќај поради изведување градежни работи за поставување индуктивни јамки за броење на возила на делницата, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Снег провејува на Попова Шапка, Стража, Пресека, и во Маврово и Кичево, но во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани