На Армискиот полигон „Криволак“ вежбовни активности „Храбар партнер 23“
Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа и Африка, од денеска до 10 декември ќе изведуваат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на вежбата „Храбар партнер 23“.
Припадниците од вториот коњанички полк на ВС на САД, на полигоните и стрелиштата на „Криволак“ ќе реализираат вежбовни активности со гаѓања од лесни оклопни возила од типот „Страјкер“.
Армијата на Република Северна Македонија ќе учествува во вежбовната активност како земја домаќин со 30-тина свои припадници, потребната воено-полициска придружба и обезбедување, како и логистичка поддршка на активностите.
-Со овој вид на вежбовни активности, покрај зацврстување на сојузништвото и интероперабилноста со ВС на САД, се демонстрираат способностите за заедничка одбрана и одвраќање, како и капацитетот и значењето на АП „Криволак“ за изведување на различен вид на обука и вежби. Воедно, ова претставува можност за практично запознавање со карактеристиките и можностите на овој тип на оклопни возила, кои согласно планот за развој на одбранбените способности за модернизација и опремување ќе бидат дел од нашата Армија во следниот период, велат од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини