На 9.април ќе се трча 11.то издание на Женска трка
Најголемата и најпозната трка за натпреварувачките од понежниот пол во Македонија - Женска трка, на 9 април 2023 (недела) ќе го има своето 11-то издание во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт. Оваа трка ги поттикнува учесничките на здрав животен стил и негување здрави навики, па затоа секое ново издание бројот на тркачки на стартната линија се зголемува.
Пријавувањето е веќе почнато за оваа три километарска трка, а секоја заинтересирана жена има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2023. Котизацијата до 8 март 2023 ќе изнесува 300 денари, а до 4 април 2023 ќе изнесува 350 денари. При регистрација секоја спортска ентузијастка ќе може да си купи драј фит маица со логото на трката како дополнителен продукт. Цената на маицата изнесува 500 денари и истата ќе може најдоцна да се купи до 10 март 2023 година.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2023, секоја натпреварувачка ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk.
Сите кои ќе се пријават до 30 март 2023 година нивното име ќе им биде испишано под стартниот број.
Најбрзите три натпреварувачки во генералниот пласман ќе добијат награди, а награди исто така ќе има и за првите три во неколку возразни категории (според Chip Time).
Според возрасната категорија учесничките ќе бидат поделени во 7 подкатегории и тоа прва категорија до 12 години, втора категорија до 14 години, трета категорија до 18 години, четврта категорија до 30 години, петта категорија до 40 години, шестта категорија до 50 години и седма категорија над 50 години.
По завршувањето и прогласувањето на победничките, за сите натпреварувачки ќе биде организирана и лотарија каде ќе се извлегуваат старните броеви од сите учеснички. Затоа организаторот ги повикува сите учеснички да останат до самиот крај на настанот, можеби токму на лотаријата некоја од учесничките ќе добие некоја награда од партнерите на трката.
Повеќе информации за Авицена Женска трка 2023 може да се добијат на официјалната веб страна и официјаните Фејсбук и Инстаграм профили:
zenskatrka.mk/, facebook.com/zenskatrkaskopje и instagram.com/zenskatrka.mk/.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
