На 20 јануари протест во Атина против Договорот од Преспа
Против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“ т.н. „Комитет за борба за Македонија“, за следната недела, на 20. јануари закажа протест на атинскиот плоштад Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина.
Одново формираниот „Комитет за борба за Македонија“, кој го сочинуваат четири организации од кои две се на Грците од дијаспората, преку соопштение го најавуваат протестот, велат дека Грците „не отстапуваат ниту една буква од светото име на Македонија“.
– Владата вели дека Грците се убедени за придобивките од „договорот“. Да им докажеме дека прават грешка. Упатуваме општа покана до сите Грци да дојдат на уште еден голем собир во последен момент да се спречи предавство на Македонија, во недела 20 јануари, во 14:00 часот на Синтагма. Тоа е единствениот демократски начин да не го донесат за гласање во парламентот. Но, ако се осмелат да го сторат тоа, повторно ќе бидеме таму, соопштуваат од „Комитет за борба за Македонија“.
Тие додаваат дека историјата ќе ги запише пратениците кои личниот и партискиот интерес го ставаат над татковината и демократијата.
Ново на Сител
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?