На 12 јули со испорака на поканата почнуваат пристапните разговори со НАТО
- Пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО ќе почнат на 12 јули, со испорака на поканата. Се очекува пристапниот протокол да биде потпишан во јануари 2019, откако ќе заврши имплементација на македонските обврски од договорот со Грција, велат високи владини извори за МИА.
Од тој момент Македонија ќе учествува во сите структури на НАТО и добива столче на главната маса на Северноатлантскиот совет. Македонија ќе биде сместена на масата до Норвешка.
Една до една и пол година од прилика се потребни за ратификацијата на договорот за пристапување во парламентите на сите земји членки на НАТО.
На Самитот на 12 јули ќе има церемонија за врачувањето на поканата кон Македонија.
Македонија ќе биде дел од работните состаноци на Самитот.
Летово ќе добие план за пристапните разговори, а НАТО ќе испрати и експерти за таа потреба. Сега останува само Македонија да ги спроведе обврските од договорот со Грција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток