-->
-->
МЗТ Скопје стартува во Еврокупот
-->

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се наоѓа во литванскиот град Паневезис, каде вечер од 18 часот, против Лиеткабелис ќе ја отвори сезоната во Еврокупот, второто по квалитет клупско континентално натпреварување.
Противникот на „штрковите“ оваа сезона драстично се засили и е предводен од браќата Кшиштов и Дарјуш Лавриновиќ, кои зад себе имаат повеќе од импресивна европсaка кариера. Тренерот Казис Максвитис на располагање има и двајца Американци и еден Австралијанец, што е само потврда на високите амбиции на Лиеткабелис сезонава.
Оде друга страна, МЗТ Скопје уште пред почетокот најави дека средбите од Еврокупот ќе ги искористи за стекнување искуство. Македонскиот првак во дуелот влегува по серијата од четири порази во АБА-лигата, поради која оставка поднесе доскорешниот тренер Емил Рајковиќ, а раскинат беше договорот со Џеремаја Мејси и со Тори Томас. Новоангажираниот Стефан Синовец уште на првиот меч против Цибона покажа дека ќе биде големо засилување, поради што од него се очекува уште подобра игра за средбата во „Цидо арената“ во Паневезис.
- И пред три години, кога дебитиравме во Еврокупот, бев дел од МЗТ Скопје Аеродром, поради што добор знам каков предизвик не очекува. Тогаш дури играа многу повеќе екипи во Евролигата и во Еврокупот, за разлика од сега кога има само 16 тима во првото, а 20 во второто ниво од натпреварувањата на УЛЕБ. Тоа носи поголема концентрација на квалитетот, а со тоа и далеку потешка задача за нас. Лиеткабелис е тимот против кого ќе ја бараме шансата за победи вредни Топ 16-фаза, но нема да биде лесно бидејќи ја знаеме нивната сила и начинот на кој ја отворија новата сезона, со победата над Жалгирис и силен отпор против Литвос ритас. Ние, пак, сме во серија од четири порази, но играта прикажана на дуелот со Цибона ни покажа дека можеме далеку подобро од прикажаното, изјави тренерот Александар Јончевски.
Покрај овој натпревар, во А групата во 1.коло вечерва ќе играат и шпанската Гран Канарија со загрепска Цедевита, додека тимот на Нижни Новгород е слободен во ова коло.
Во оваа конкуренција од пет екипи, само последно пласираната нема да обезбеди пласман во следната рунда „Топ 16“ во која ќе играат и четирите најдобро рангирани од останатите три групи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години
-

Приведен 37-годишник од Охрид, во неговиот дом се пронајдени оружје и муниција кои нелегално ги поседувал
-

Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран
-

Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата
-

СП 2026: Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо по натпреварот против ДР Конго
-

Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП
-

Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува
-

По втор пат во историјата, жена ќе биде главен судија на натпревар од Светско првенство
