-->
-->
МЗТ Скопје и Работнички ќе играат во четврток
-->

Петтото коло во Првата македонска кошаркарска лига очекувано ќе мине во знакот на вечно градско дерби, меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Поради настап на МЗТ во регионалната АБА лига, наместо викендов, дерби дуелот со Работнички ќе се игра во четврток од 19 часот во СЦ Јане Сандански.
Ова коло го носи и првото гевгелиско дерби меѓу дебитантот Бест и Кожув, тим кој вчера и официјално ја заврши соработката со тренерот Боби Митев, а ден претходно остана и без искусниот центар Ратко Варда. Овој меч ќе се игра во сабота од 19 часот, а еден час порано ќе започне натпреварот меѓу Струмица и Куманово.
Лидерот на табелата и единствениот непоразен тим во лигата Карпош Соколи во недела во Борис Трајковски од 17 часот го пречекува составот на Фени Индустри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
