-->
-->
МЗТ ја доби организацијата на завршниот турнир од АБА 2 лигата
-->
Македонскиот кошаркарски клуб, МЗТ Скопје ја доби честа да го организира завршниот турнир од Втората АБА лига на кој ќе настапат најдобрите 8 екипи од ова натпреварување.
Натпреварите ќе се играат од 13-ти до 17-ти април во салата Ј.Сандански.
„Ова е голема обврска и чест за нашиот клуб, но истовремено и огромна шанса на домашен терен и со голема поддршка од трибините да се направи конечниот исчекор кон враќање меѓу најдобрите тимови во регионот. Аеродром и нашиот клуб ја добија пресметката со Сараево, кој исто така беше максимално заинтересиран и беше сериозен конкурент во битката за улогата домаќин на најдобрите осум тима во НЛБ АБА2-лигата“, велат од таборот на актуелниот македонски шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
-

УХМР најавува натпросечно топло лето
-

Андроид функции кои го олеснуваат секојдневното користење на телефонот
-

Спречено криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места
-

Изгубил контрола над возилото, а потоа удрил во 46-годишен работник од Кина и тешко го повредил
-

17-годишна Албанка од Македонија исчезна кај Штутгарт, семејството бара помош
