-->
-->
МЗ: Над 100 пациенти се третирани со конвалесцентна плазма
-->

Институтот за трансфузиона медицина информира дека се обезбедени вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив, 68 единици се обезбедени преку аферезна процедура од вкупно 30 дарители, а 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување.
Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.

Од Министерството за здравство посочуваат дека преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
-Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, согласно протоколите ќе биде земен и примерок за одредување концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2, соопштија од Министерството.
Оттаму појаснуваат дека сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
