МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија

Вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор иницирал министерот за здравство Азир Алиу во врска со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство.
-Министерството за здравство во врска со случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство најпрво изразува сочувство до родителите. Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со Инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект, соопштија денеска од Министерството.
Оттаму замолуваат во овие тешки моменти за семејството да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
-Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана, се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
