-->
-->
МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-->
Дваесет и седумгодишен жител на Росоман е лишен од слобода откако утрово со остар предмет ја усмртил својата мајка.
Според информациите, на 30 март 2026 година, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.Р. (27), откако самиот се пријавил во СВР Велес и признал дека околу 07:30 часот во семејниот дом ѝ нанел повеќе убодни рани на својата 54-годишна мајка.
Жената им подлегнала на повредите, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршуваат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициска екипа од ОВР Кавадарци. Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
