МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик.
Во периодот од 01.01.2017 до 17.04.2019, сопственикот К.К. во просториите на друштвото организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка.
На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 102.810.613 денари или 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Имено, паричните средства кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на пријавениот К.К., кој понатаму ги трансферирал како позајмици кон пријавеното правно лице, кое во најголем дел ги користело за враќање на хипотекарен кредит кон една банка, како и за тековно работење.
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
-

Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
-

Почина д-р Ванчо Андреевски, истакнат невропсихијатар
-

Газда Дeко се жалел на чести претреси и барал смена на душек, не на нечовечко однесување - велат од затворот во Куманово
-

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
