-->
-->
МВР демантира дека испратило каква било информација за безбедносна проценка
-->
Министерството за внатрешни работи демантира дека испратило било каква информација за безбедносна проценка или побарало административците денеска порано да ги напуштат работните места. Во министерствата и јавните претпријатија се прошири дезинформација дека наводно МВР побарало граѓаните порано да си заминат од работните места, што е класична невистина. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите лаги.
-->
-->
-->