МВР: Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа стабилна, решено барањето на млекопроизводителите за откуп на млекото

Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Притоа, додаваат оттаму, локалната самоуправа, во соработка со Центарот за управување со кризи и другите надлежни субјекти во кризниот штаб, го реши вчерашното барање на група млекопроизводители за изнаоѓање начин за откуп на нивното млеко.
Во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа, од МВР информираат дека не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти и не се регистрирани сообраќајни незгоди.
– Непречено продолжуваат активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа и во координација со локалната самоуправа, со кризниот штаб, со Центарот за управување со кризи и се во насока на контрола на целото подрачје, посебно на угостителските и другите јавни објекти – маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници. Целта е доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на коронавирусот, се наведува во соопштението.
Од МВР соопштуваат дека на терен без проблеми и застои се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Непречено се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.
– Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, стои во соопштението.
МВР апелира до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот Ковид-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, додаваат, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
