Музејот за вино во Демир Капија интересен за домашните и странските туристи
Музејот за вино во Демир Капија е интересен за домашните и за странските туристи, оценија денеска проект менаџерот Звонимир Будимировиќ и кустосот Цветанка Митрева, информирајќи за активностите во оваа културна институција.
- Од музејските поставки кои сведочат за историјата, традицијата и културата на производство и преработка на грозје на овие простори, се воодушевуваат и младите и старите. Се интересираат и за природните реткости и ресурси околу Демиркаписката клисура како камено царство, ридот со кактуси, околните пештери, белоглавите орли, појасни Будимировиќ.
Од странците, во овој период најбројни биле туристите од Германија и Србија.
- Сите што доаѓаат, сакаат да ја слушнат винската приказна крај железната порта и да научат нешто повеќе за винските патишта. Се работи за гости кои се дел од туристички тури, кои се во обиколка на атрактивни места во Македонија, рече Митрева.
Двајцата изразија надеж дека бројот на посетители ќе се зголемува, особено во ова време од годината, кога голем број туристи транзитираат по автопатот Демир Капија-Смоквица.
Ново на Сител
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство
-
Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија