Мустафа: Нема војска без дозвола од САД и од НАТО

Косовскот премиер са Мустафа изјави дека војска на Косово ќе се формира само со поддршка на САД и на НАТО и додаде дека е добро што претседателот Хашим Тачи работи во тој правец.
- Претседателот презеде иницијатива да ја процесуира армијата. Ние ја поддржуваме секоја инцијатива што ќе доведе до формирње армија во соработка со САД и со НАТО. Исто така, ги поздравуваме и чекорите кои сега се прават за создавање можности за оваа соработка, истакна вчера Мустафа на партиска средба во Малешево.
Косовскиот претседател Хашим Тачи ја почна иницијативата за формирање армија на петти март, на денот на старешинте на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предлагајќи измени на Законот за безбедносните сили на Косово во армија.
На неговата иницијатива веднаш се спротивставија САД и НАТО, формирањето на армја да биде преку измени во Уставот, за што се потребн две третини од гласовите на мнозинството и малцинставата.
Но, Владата на Косово не му одговори на барањето на предлог законот, а Тачи го повлече барањето армијата да се формира преку закон.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
