Мурињо: Се создава слика дека сум виновен за се
Манчестер jунајтед со пресврт оствари значајна победа против Њукасл, откако на полувремето губеше 0:2, но на крајот сепак славеше со 3:2.
Победата ги намали тензиите во Јунајтед, а на тренерот Жозе Мурињо ќе му овозможи да ја задржи уште извесен период позицијата по зачестените гласини дека му се подготвува отказ поради лошите резултати.
Но, и покрај победата Мурињо по натпреварот повторно се пожали дека медиумите тензденциозно до прогонуваат.
- Има премногу зло во сево ова, а нештата би требало да бидат убави. Ова е лов на еден човек. Иако можам да се носам со тоа, сепак ми предизвикува тага. Се создава слика дека сум виновен за се. Ако врне во Лондон јас сум виновен, ако договорот за Брегзит не е добар повторно сум виновен..., истакна Мурињо.
Тој се осврна на се почестите гласини за негов отказ, како и за притисокот врз клубот.
- Имам договор до 2020 година затоа што раководството на клубот тоа го сакаше. Сите мора да бидат свесни дека постојат искачувања и падови. Погледнете само што се случува со Милан, кој е еден од најголемите светски клубови. Има добри и лоши периоди, наведе португалскиот стручњак.
Манчестер јунајтед по осум кола има 13 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија