Мукаетов заминува од РФМ ?
По двата пораза и неуспешниот обид да се избори место на Олимписките игри во Рио со изјава на официјалната страница на РФМ се огласи и претседателот на федерацијата Живко Мукаетов.
Овој пат нема оправдувања, сите во репрезентацијата сме свесни дека испуштивме огромна шанса за историски успех ама веројатно, толкави ни беа силите и можностите. Жал ми е што исклучително квалитетните имиња кои ги имаме во ракометот не успеаа да дојдат до овој најголем спортски спектакл наречен ЛОИ. Желбата беше огромна, но притисокот уште поголем, што веројатно беше каменот што не сопна… Секоја чест и огромна благодарност до капитенот кој максимално се вложи како лично така и професионално.
Ова за мене е големо разочарување и подготвен сум да ја понесам одговорноста, но задоволен сум што оваа раководна гарнитура ја постави федерацијата организациски на здрави нозе и состави систем на вредности кој може многу лесно да подготвува млади таленти за големи успеси. Би сакал исто така да им честитам на нашите млади надежи за успехот на квалификациите за ЕП во Данска и се надевам дека олимпискиот сон наскоро повторно ќе го сонува некоја од младите категории.По неуспешните квалификациски натпревари за ЛОИ 2016 на машките сениори, јас лично сум многу разочаран од неуспехот и стојам на ставот кој го кажав по завршувањето на Европското првенство во Полска: моето повлекување ќе биде презентирано до надлежните тела во федерацијата; управниот одбор и собранието.
Во пакет најверојатно ќе си замине и генералниот секретар Филип Милошевски.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани