-->
-->
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-->

На 05.03.2025 во 09.22 часот во СВР Скопје, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04:00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.
Како што е пријавено, откако отишол на договореното место, бил пресретнат од четири машки лица, од кои едниот го познавал, кои со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.
Исто така, според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа, но набргу бил избришан.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
