МТСП со предлог до Комисијата за зголемување на бројот на деца во градинките

Состојбата за упис на децата во градинките, како и потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките, беа тема на разговор на денешната средба на Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со претставнички на мајките кои што се на породилно отсуство, информираат од МТСП.
На средбата, како што стои во соопштението, министерката Шахпаска информирала дека Министерството за труд и социјална политика ја следи состојбата со пандемијата Ковид-19 во градинките на дневно ниво. Па така, анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот, а врз основа на досегашните информации, бројот на заболени деца е минимален и не бележи тенденција на раст.
– Во однос на барањето за продолжување на породилното отсуство министерката Шахпаска информираше дека со оглед на стабилната состојба во градинките, како и поради фактот што вработените во градинките беа приоритетно вакцинирани, Министерството за труд и социјална политика достави писмено допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките, стои во соопштението.
Дополнуваат дека согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, во моментов е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца.
Од Министерството велат дека доколку биде прифатен нивниот предлог дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
