Македонија
9. May 2016 - 21:36

Мртов маж изваден од Вардар - Увидот е во тек

 
Маж на возраст меѓу 50 и 60 години попладнево е изваден мртов од водите на Вардар.
 
Ромите кои живеат на кејот на Вардар кај пешачкиот мост го забележале телото на мажот. Се обиделе да го спасат, но до него стигнале дури кај хотел Русија, кога успеале и да го извадат.
 
Тие велат дека човекот најверојатно бил веќе мртов. Увидот е во тек.