МПЦ-ОА ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изрази благодарност до бугарскиот патријарх Нефит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква кои денеска донесоа решение за писмото од Македонската православна црква.
- Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автокефалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме, и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да и биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.
Од МПЦ-ОА посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.
Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.б
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа