Мотоциклист преживеал неверојатна несреќа!
Хаман Син Рајпут возел по улиците на градот Рајастхана во Индија кога загубил контрола над моторот, забивајќи се во задниот дел на камион кој превезувал градежен материјал.
На овој 26 годишник, за кој лекарите велат дека е неверојатно што останал жив, две метални шипки му поминале низ десниот дел од вратот, излегувајќи од неговиот грб само на неколку сантиметри од рбетот.
- Мислев дека сум мртов, во првиот момент не почуствував болка, но тогаш ги видов металните шипки кои ми поминаа низ телото, рекол Хамар кратко опишувајќи ја несреќата.
Сведоците кои се нашле во близина на несреќата раскажуваат за тоа како под мотоциклистот се направила голема локва крв.
- Мотоциклистот лежеше на асфалтот и во болки бараше помош, раскажал еден од случајните минувачи.
Лекарите биле во шок кога го виделе Хамар во каква состојба е.
- Цело време беше свесен и прибран, рекол еден од лекарите.
На Хамар му се одстранети шипките после три часа операција. Се чуствува добро и е надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228