-->
-->
Москва: Флотата на НАТО во Црното Море го дестабилизира регионот
-->
Присуството на вонрегионални сили во Црното Море ја дестабилизира ситуацијата во регионот и НАТО треба да ја ревидира својата позиција по прашањето за создавање на Црноморска флота, смета постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко.
Тој коментирајќи го предогот за создавање на црноморска флота на НАТО изјави дека во Црното Море не треба да се зголеми присуството на воените сили на државите, кои не се дел од тој регион.
На почетокот на минатата година Романија предложи да се создаде таква флота, појаснувајќи го тоа со зајакнувањето на руското присуство во црноморскиот регион.
Украина изрази подготвеност да се приклучи на флотата, под покровителство на НАТО, за што зборуваше претседателот на таа земја Петро Порошенко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници