-->
-->
Мора да ги почитува: Му напишала на дечко и’ 22 правила на однесување во врската и станала вирален хит!
-->
Секоја врска е индивидуална и нема смисла да се прават споредби. Сепак, често знаеме да го правиме тоа, па затоа и се консултираме со пријателките за да дознаеме дали нашите замисли се ригорозни.
Една Американка покажала колку далеку можат да одат девојките кога се во прашање правилата во врската. Таа направила листа од 22 правила до кои нејзиниот дечко мора да се придржува.
Сосема очекувано, оваа листа станала вирална:
- Не смееш да го даваш твојот телефонски број на слободни девојки.
- Не смееш да следиш слободни девојки на социјални мрежи (вклучувајќи ги Инстаграм, Снепчет и Твитер)
- Не смееш да се дружиш со Киган (ниту кај него дома ниту на друго место).
- Не смееш да одиш во Хонда без мене.
- Не смееш да се дружиш со твоите пријатели повеќе од два пати неделно.
- Не смееш ни да погледнеш слободна девојка.
- Ако ти пријде некоја девојка на кое било место, ти само замини си.
- Никој не смее да се дружи со нас, кога сме излезени ние двајца.
- Не смееш да бараш орален секс.
- Не смееш никогаш да ми се налутиш за што и да е.
- Никогаш повеќе не смееш да ги споменеш Тајлер, Ноа, Девен или Џош.
- Не смееш да пиеш, освен кога јас сум со тебе.
- Смеам да ти чепкам по телефон секогаш кога ќе посакам.
- Ако почнеме да живееме заедно, никогаш не смееш да носиш други девојки дома.
- Твоите пријатели ретко кога ќе доаѓаат кај нас.
- Ако те фатам со други девојки, ќе те убијам.
- Не смееш да ме оставиш поради пријателите.
- Остин не одлучува кога јас ќе излегувам со тебе.
- Ќе одиме на љубовен состанок минимум еднаш во две недели.
- Ако кажам „скокни“, ќе прашаш: „Колку високо, принцезо?“
- Мораш да се обидеш барем еднаш дневно да ми кажуваш дека ме сакаш, за да знам дека не се плеткаш со други девојки.
- Не смееш никогаш да ме оставиш да го чекам твојот одговор на пораките подолго од 10 минути.
По оваа листа, следела лавина од коментари. Додека еден корисник порачал само „бегај“, другите коментирале дека ова класично насилничко однесување кај жените понекогаш може да се смета за слатко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228