Монтчалин: Поради коронавирусот под прашање се доведува опстанокот на Европската унија

Европската унија ќе се соочи со прашањето за нејзиниот опстанок доколку од кризата со коронавирусот не излеземе обединети, изјави француската државна секретарка за европски работи Амелија де Монтчалин.
-Мораме апсолутно сите заедно да се подготвиме за излез од кризата и за заздравување, да се подготвиме за периодот по кризата и мораме да покажеме дека сме ефикасни затоа што ќе бидеме заедно, изјави Амелија де Мончалин, пренесена од агенциите.
„Европската централна банка отвори програма од 750 милијарди евра за поддршка на земјите , што е без преседан. Ги укинавме правилата од Пактот за стабилност за дефицитот, што, исто така, е без преседан, прецизираше таа и потсети на планот од 40 милијарди евра на на ЕК.
Монтчалин кажа и дека сега се размислува што да се направи во периодот по кризата.
-Не можеме да се изземеме од таа солидарност. Ако некои мислат дека можат да се изземат, тоа ќе има големи последици по европскиот проект, додаде таа.
-Нашата Европа е Европа од акција, солидарност. Доколку некој тоа не го сака, се поставува прашањето за неговото место, за тоа што 27-те земји треба уште да направат, а тоа тогаш е фундаментално, егзистенцијално прашање, предупреди француската политичарка.
Лидерите на ЕУ во четвртокот се договорија, под притисок на Италија,која е во најтешка состојба со пандемијата на коронависуот , во следните 15 дена да разгледаат силни мерки за соочување со најавената рецесија.
Ново на Сител
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
-

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
-

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника
-

По пожар во два магацини во Гази Баба пронајдено опожарено тело
-

Мицкоски: Не кажав дека трезорот ќе се затвори на 15-ти
-

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа
-

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа
-

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца
