Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца

Десетици илјади луѓе синоќа излегоа на улиците на Будимпешта како одговор на новите информации за долгогодишниот скандал за злоупотреба на деца во државните институции, јави ДПА.
Антивладиниот протест беше организиран од Партијата Тиса на унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар.
Опозиционерот вчера објави владин извештај за повеќе од 3.000 случаи на злоупотреба во државните домови за згрижување, кој бил завршен во 2021 година, но чуван во тајност. Министерството за внатрешни работи го потврди извештајот.
Скандалот стана актуелна политичка тема откако претседателката Каталин Новак поднесе оставка во февруари 2024 година, поради јавен притисок. Нејзината оставка беше предизвикана од помилувањето на заменик-директорот на едно сиропиталиште, кој беше осуден како соучесник во сексуална злоупотреба на деца.
Скандалот, кој беше проследен со масовни протести, го поттикна Маѓар да започне широка опозициска кампања предводена од обновената Партија Тиса (акроним за Партија на Почит и Слобода).
Партијата Тиса сега води во анкетите пред партијата Фидес на десничарскиот премиер Виктор Орбан, а изборите се закажани за април следната година. Орбан е на власт од 2010 година, посочува ДПА.
Нов скандал избувна летото во врска со можно криминално однесување во малолетнички затвор во Будимпешта. Три лица од персоналот, вклучувајќи поранешен директор, беа уапсени под сомнение за водење проституциски синџир. Дополнително, неодамна беа објавени слики на кои се гледа како директорот на таа институција клоца млад човек во глава. Како резултат на тоа, на почетокот на седмицата беа уапсени четворица вработени, а Владата ги стави сите слични институции под полициски надзор.
МИА
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
