МОН објави конкурс за стипендии за студии по старотурски јазик
Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 20 целосни стипендии за додипломски и за постидипломски студии за изучување на старотурски јазик на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии.
МОН трета година по ред го објавува конкурсот преку кој во изминатите две години биле стипендирани девет кандидати - четири на додипломски и пет на постдипломски студии. Рокот за пријавување на новиот конкурс, за академската 2016/2017 година, ќе трае до 30 септември. Стипендијата е целосна и ги покрива сите трошоци на студирањето и за престојот на кандидатот во земјата каде што избрал да студира.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски очекува интересот да биде уште поголем и да аплицираат повеќе кандидати, подвлекувајќи дека согласно со конкурсните критериуми, по завршување на студиите тие имаат гарантирано работно место во некоја од државните институции кои поседуваат материјали на старотурски, како Државниот архив на РМ, МАНУ, Институтот за национална историја.
- За Република Макеодија е исклучително значајно познавањето на старотурскиот или отомански јазик бидејќи има голем број архивски документи кои се на територијата на РМ, но и архивски документи од Турција кои се однесуваат на катастарски или историски податоци за периодот кога Македонија била под Отоманската империја. Пред да почнеме со стипендирањето, во Македонија имаше двајца или тројца кои успеваат да ги прочитаат. Согласно со првичните проекции, од десет до 20 луѓе кои би биле комплетно обучени и би го познавале старотурскиот јазик, би биле исклучително значајни за превод на овие документи, изјави Ристовски.
Посочи дека двајца кои добиле стипендија за постдипломски студии на првиот конкурс се очекува ова лето да се вратат во Македонија и да бидат работно ангажирани. Тие ги завршуваат магистерските студии на Софискиот универзитет. Покрај во Софија, има и кандидати заинтересирани за отомански студии на универзитетите во Сараево и Истанбул.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава