МОН: Косово ќе го користи искуството на Северна Македонија во реформирање на образовниот систем
Министерството за образование и наука соопшти дека Косово ќе ги користи искуствата на Северна Македонија од имплементацијата на реформите и воведување на дигитализацијата во образовниот систем. Претставници од министерствата на двете земји денеска на состанок во Скопје договориле соработка, размена на искуства и поддршка во процесите за унапредување на образованието.
МОН наведува дека на состанокот тие ги разгледале можностите за соработка во повеќе сегменти на образованието, а посебно биле заинтересирани за искуствата и начинот на кој се имплементира дигитализацијата во образованието.
-На состанокот беше истакнато дека соработката и добрососедските односи се на највисоко ниво, но и дека Министерството за образование и наука на Северна Македонија е подготвено својот капацитет да го стави во техничка и стручна помош и поддршка на колегите од Косово во насока на подобрување, осовременување и создавање поквалитетно образование. Северна Македонија и Косово се соседи кои покажуваат интерес за меѓусебна поддршка и за обезбедување повеќе и подобри образовни и научни можности за граѓаните. Тоа е добра основа за напредок и на нашите општества и воопшто на регионот, затоа што, во суштина, иднината на регионот најмногу зависи од меѓусебната соработка, соопшти МОН.
Работниот состанок одржан денеска е продолжение на неодамнешната средба на министерките за образование на двете земји, Мила Царовска и Арберија Нагавци, на која беше договорено зајакнување на соработката и меѓусебна поддршка во процесите на осовременување и унапредување на образованието.
Ново на Сител
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина