-->
-->
Момче со неверојатна понуда - најдете му девојка и ќе добиете 10.000 евра
-->
Здравје Радово стартуваше со кампањата „Здравје во твои раце“ – кампања за подршка на велосипедизмот и здравите навики
Рен Ли Ју (29) во изминатите 10 месеци бил на 30 пропаднати состаноци, а кога тоа му дошло преку глава, направил интернет страница на која нуди награда од 10.000 долари на оној кој ќе му најде девојка.
Ова момче од Аламаба завршил на Харвард. Но, има еден проблем – не може да најде девојка. Банкарот кој работи 12 часа дневно се одлучил да побара љубов на интернет, па од таа причина го покренал и сајтот DateRen.com, чиј наслов е „Јас сум самец, ајде тоа да го промениме“, а преку кој луѓето можат да му ги препорачаат своите другарки кои имаат најголеми шанси да му се допаднат.

Како поттикнување, тој на стројникот му нуди 10.000 долари доколку личноста која ја препорача ќе помине најмалку шест месеци во врска со него. Доколку девојката сама се предложи за врска, таа нема да ги добие парите.
– Ако ме запознаете со девојка која ќе се забавува со мене повеќе од шест месеци, ќе ви платам 10.000 долари – понудил Рен и додал: „Мене ќе ми заштедите време и ќе ме поштедите од лошите рандевуа, а јас на некого ќе му дадам пари за нешто што направил од забава“.

Рен за избраничката поставил и неколку услови: да е интелектуално љубопитна и да сака да ги разгледува апсурдните хипотези. Ова момче ги сака сериите „Игра на тронови“, „Чиста хемија“ (Breaking bad), „Попречени во развојот“ (Arrested development), но и филмовите како „Бегство од Шошенк“ и „Мементо“. Рен од Бостон се преселил во Бирмингем во Алабама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
