Могерини уште еднаш повика членките на ЕУ да отворат преговори со Македонија
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ден пред клучниот состанок на ЕУ министрите каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.
- Знаете дека препорачавме отоврање преговори со Скопје и Тирана, овој процес мора да се заснова на заслуги, што значи дека кога има напредок тој мора да биде признаен и да биде охрабрен и придружуван. Се надевам дека земјите членки ќе ја донесат вистинската одлука.
Таа порача дека на Западниот Балкан „напредокот е импресивен“, наведувајќи го потпишувањето на Договорот за името со Грција, како и напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Министрите за надворешни работи на ЕУ утре на Советот за општи работи треба да дебатираат за проширувањето и за априлските извештаи на Европската Комисија за Западниот Балкан. Конечната одлука за преговори со Македонија би можела сепак да биде одложена за лидерите на ЕУ во четврток доколку утре министрите не постигнат согласност.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка