Модриќ не е загрижен за својата иднина во Мадрид
Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ е во последната година од договорот со Реал Мадрид, но не е загрижен за иднината поради неговите добри односи со управата на клубот. Тој објасни во интервју за списанието „FourFourTwo“ дека е многу малку веројатно дека ќе ја следи судбината на Герет Бејл.
– Јас сум премногу стар за да се вратам во Тотенхем. Имам уште една година договор со Реал Мадрид и едвај потоа ќе размислувам што да правам. Ќе разговарам со управата и ќе откриеме која е најдобрата опција за двете страни. Во добри односи сум со сите во клубот и мислам дека нема да имаме проблеми, изјави играчот за врска.
Модриќ играше под водство на многу успешни тренери како што се Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Зинедин Зидан, а играчот за врска го одликуваше Французинот како оној под чие водство би продолжил.
– Ако ме терате да бирам, тогаш застанувам на Зидан. Мојот однос со него е посебен и освоивме страшно многу. Тој е тренер кој те вика во својата канцеларија и ти кажува во лице што сака од тебе, како да играш, што правиш добро, а што не, додаде Модриќ.
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања