МО: Не дозволуваме какви било партиски или друг вид на влијание во Армијата
– Во врска со натписите во некои портали, кои се однесуваат на објава на Фејсбук профил на Општинската организација на СДСМ – Арачиново, Министерството за одбрана информира дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат какви било партиски или друг вид на влијание.
– Во Армијата на Република Северна Македонија војниците кои ќе бидат примени ќе треба да ги исполнуваат сите професионални карактеристики пропишани на огласот. Најдобрите ќе бидат примени! Ги охрабруваме сите граѓани заинтересирани да аплицираат без разлика на верска, национална, партиска или било каква друга припадност, се наведува во соопштението на МО.
Истовремено, Министерството за обрана ги повикува политичките партии да се воздржат од какви било притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата.
– Армијата и служи на државата, а не на партиите, се додава во соопштението на МО.
Реакцијата на Министерството за одбрана следи по објавените написи во некои медиуми дека ОО на СДСМ – Арачиново преку својата Фејсбук страница ги повикувала кандидатите што аплициравте на Огласот за прием на војници во Армијата „да се пријават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот на СДСМ – Арачиново“.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
