-->
-->
МНР отвори GlobalSOS - центар за итни случаи
-->

Глобал СОС е контакт центар за итни случаи за сите граѓани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат надвор од државата, преку кој можат директно да се обратат за било која итна ситуација, а кој директно ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната конзуларна услуга.
Виртуелниот контакт центар работи од 08:00 - 22:00 часот секој ден, а на интернет страницата на mfa.gov.mk се објавени и список на дежурни телефони во сите Дипломатско конзуларни претставништва, кои се достапни 24/7. За кусо време и контакт центарот ќе биде достапен 24 часа.
Граѓаните можат да се обратат за секој случај кој го сметаат за итен, а особено за случаи како смртен случај или несреќа, изгубен или украден пасош, сообраќајна или друга незгода, елементарни или природни непогоди. Апелираме граѓаните да го користат контакт центарот само за итни случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
