Многу посилен од 1963: Ова е најсилниот земјотрес кој некогаш ја погодил Македонија
Во Македонија има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.
Територијата на Македонија е релативно трусно подрачје, а земјотресот од 1904 година во пехчевското епицентрално подрачје се смета за најсилен на Балканот. Измерена е јачина на земјотрес М=7,8 по Рихтерова скала, а почувствуван со 10 степени по Меркалиева скала, пренесе Курир.
Во Македонија има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.
Oд поново време се памети земјотресот во Скопје. На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес почувствуван со 9 степени по меркалиевата скала и јачина М=6,1 по Рихтерова сеизмичка скала, а помали потреси имало до 05:43 часот.
Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани.
Земјотресот е почувствуван во Скопје со интензитет од IV-V степени според Меркалиевата скала, IV степени во кумановскиот регион, III степени во тетовскиот и велешкиот регион.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати