-->
-->
ММФ: Руската економија се развива подобро од очекуваното
-->
Руската економија е на позитивен пат на раст и се развива подобро од очекуваното, изјави заменик-шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат.
Како што истакна таа, ММФ минатата година беше цел на критики поради прогнозите дека руската економија ќе забележи раст. – Мислам дека сите сега препознаваат дека тие бројки се релевантни.
Се покажа дека растот на руската економија е посилен отколку што очекувавме, вели Гопинат во интервју за „Форин полиси“.
Во јануари, главниот економист и директор на Одделот за истражување на ММФ, Пјер Оливие Гуринша, изјави дека руската економија покажува подобро темпо на раст од очекуваното.
Во јануари ММФ значително ја зголеми прогнозата за раст на руската економија за 2024 година на 2,6 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови