Македонија
12. July 2018 - 11:16

Младо момче од Кавадарци се повреди управувајќи виљушкар

Деветнаесетгодишен кавадарчанец се повредил денеска управувајќи виљушкар во Росоманско, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. 

Повредениот е пренесен во Општата болница во Кавадарци каде му е контатирана тешка телесна повреда. 

По  укажаната медицинска помош, повредениот е пуштен на домашно лекување.