Мизрахи: Прашајте ја Мила каде е новата табла

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи предложена од опозициска ВМРО-ДПМНЕ, во обраќањето пред пратениците порача дека хајката против неа која почнала со антисемитски напади, завршила со, како што рече, евтината претстава наречена табла во Министерството за труд и социјална политика.
- Дозволете да им се заблагодарам на сите граѓаните на Република Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и на Собранието за шансата да бидам министер. Ми беше чест и задоволство. Уште невлезена во Министерството како прва Еврејка во Владата бев мета на антисемитиски напади. Сите тие напади кон мене се засилуваа кога со факти и докази им презентирав дека Министерството е нефункционално. Конечно хајката против Еврејката Мизрахи од страна на СДСМ заврши, кулминира, со евтина театарска претстава наречена таблата во Министерството. Не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија, рече Мизрахи.
Претходно во петокот доцна вечерта техничкиот премиер од СДСМ, Оливер Спасовски, побара Собранието да ја разреши од должноста поради држењето прес-конференции пред таблата со старото уставно име на земјата Република Македонија. Мизрахи на обвинувањата одговори дека таа табла стоела во просториите на министерството кога таа ја преземала функцијата од Мила Царовска.
Ново на Сител
-

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година
-

Сончево и топло со температура до 39 степени
-

Објавување на конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ
-

ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола
-

Бројот на исчезнати лица по поплавите во Хималаите се искачи над 1.300
-

Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања
-

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан
-

Топло со умерена локална облачност, попладне неcтабилно
