Мизрахи ги посети Јованови во Велес – МТСП веднаш ќе помогне со еднократна помош, се разгледуваат и други можности
Семејството Јованови од Велес ќе добијат еднократна парична помош од Министерството за труд и социјална политика, а ќе биде разгледана и можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен миимален приход.
Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на својот фејсбук профил по посетата на домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина.
-Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход. Мило ми е што веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел. Хуманоста побрза од државата, хуманите граѓани веќе се пријавија за помош.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток