Мисија на САД во ОБСЕ: Човечките жртви од руската агресија во Украина во фокусот на конференцијата во Варшава за човечка димензија организирана од Северна Македонија
Човечките жртви од руската агресија во Украина ќе бидат главниот фокус на Мисијата на САД во ОБСЕ на конференцијата во Варшава за човечка димензија која годинава се одржува од 2 до 13 октомври во организација на претседавачот со ОБСЕ Северна Македонија со подршка на ОДИХР, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
-Главен американски фокус ќе бидат злостроствата на руските сили во Украина и окупациските власти на Крим, како и сериозните нарушувања на човековите права што Русија ги прави дома, се вели во сопштението.
-Исто така, ќе фрлиме светлина врз загриженостите низ регионот на ОБСЕ како намалениот простор за граѓанското општество, прогонот на борците за човекови права, безбедноста на новинарите, политичките затвореници, репресивните мерки против мирните припадници на етничките и религиозните групи и злострствата засновани на омраза.
Се вели дека Мисијата на САД во ОБСЕ ќе ко-спонзорира неколку официјални споредни настани за зголемување на свесноста за проблемите околу руската агресија во Украина.
Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) собира над 1,200 владини официјални лица и претставници на граѓанскиот сектор од Северна Америка, Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија. Учесниците ќе разгледаат како членовите на ОБСЕ ги имплементираат заложбите на организацијата за човекови права, демократизација, толеранција, владеење на правото и основни слободи.
Конференцијата во Варшава за човечка димензија обезбедува форум за активистите за човекови права низ целиот регион за разгледувањет важни прашања директно со официјални лица на владите и на ОБСЕ, вклучувајќи ја и сеопфатната инвазија на Русија во Украина, укажуваат од Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје
-
ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст
-
Влада: Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами
-
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
-
Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ