Мишел: ЕУ скептична во врска со укинувањето на патентите за вакцини
Европската унија е скептична во врска со корисноста од укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцините против Ковид-19 како начин за борба против пандемијата, но е подготвена да разговара за конкретен предлог, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Според него, вистинскиот начин за борба против пандемијата е да се произведат повеќе вакцини што е можно побрзо и да се укинат ограничувањата за извоз на вакцините во земји како што се САД и Велика Британија.
Тој додаде дека овие земји произведуваат вакцини, но не ги продаваат на други.
– Во Европа решивме да го олесниме извозот и ги охрабруваме сите партнери да го олеснат извозот на вакцини, рече Мишел на вториот ден од самитот на ЕУ во Порто, Португалија.
Јужна Африка и Индија први и предложија на Светската трговска организација (СЗО) укинување на патентите на вакцините против Ковида-19, а тоа го поддржаа и голем број земји во развој.
Според Светската здравствена организација, минатиот месец се примени 700 милиони дози вакцина ширум светот, но само 0,2 проценти од нив се во сиромашните земји.
Дебатата за ова прашање повторно се отвори во средата кога американскиот претседател Џо Бајден ја поддржа идејата, под услов да се спроведе под покровителство на Светската трговска организација (СТО).
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска