Мисајловски на саемот за транспорт „ИноТранс 2016“
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајлоски од денеска во Берлин учествува на саемот за транспортна технологија „ИноТранс 2016“ кој што секои две години се одржува во главниот град на Германија.
Поделен во пет сегменти: железничка технологија, железничка инфраструктура, јавен транспорт, внатрешно уредување на транспортни средства и изградба на тунели „ИноТранс 2016“ е најголемиот саем за овој вид индустрија на светот.
Покрај презентациите на компаниите од овој бизнис сектор што можат да се видат во 41 хала на Берлинскиот саем, на специјалниот отворен простор ќе бидат претставени различни видови транспортни средства на над 3.500 метри специјално поставени железнички шини.
На „ИноТранс 2016“ годинава изложуваат 2761 компанија од кои 1669 од 54 земји. Годинава организаторите очекуваат саемот да го посетат над 140 илјади претставници на бизнис секторот и граѓани.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на „ИноТранс 2016“ учествува на покана на директорот на Берлинскиот саем, Кристијан Геке, кој заедно со европската комесарка за транспорт Виолета Булц, и германскиот министер за транспорт и дигитална инфраструктура Александер Добринт ќе го отвори саемот.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците