Министерството за правда почна постапка за екстрадиција на двајца обвинети во „Монструм“
Од Министерството за правда до Основниот суд Скопје 1 утрово пристигнало писмо со известување дека и официјално е започната постапката за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово.
Во мај судењето за „Монструм“ почна од почеток, откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи на 12 април 2012 година, беа осудени на доживотни казни затвор за потоа Врховниот суд да утврди серија пропусти во водењето на постапките и да ги укине пресудите. Највисокиот суд ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.
По Алил Демири и Африм Исмаиловиќ имаше распишано меѓународна потерница. Тие со години се во бегство во Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот.
Ново на Сител
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски
-
По ДОМ и Партијата на пензионерите ја напушта СДСМ
-
Димитриевски реизбран за претседател на „ЗНАМ”
-
Крстевски: Кочани будно ќе го следи судскиот процес, требаше да има оставки од функционери од морални причини
-
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар
-
М. Брод добива Дневен центар за деца со посебни потреби, општината е на прво место по бројот на згрижувачки семејства
-
Земјоделците ја поздравуваат кампањата за купување македонски земјоделски производи
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија