Почна вториот уписен рок, во некои гимназии можно е повторно приемно тестирање
Квалификациско тестирање веројатно ќе има и по вториот уписен рок. Само пет слободни места за упис останале во скопска гимназија Орце Николов. Во втор уписен рок треба да конкурираат околу 3500 основци. Во некои средни училишта бројот на слободни места е огромен.
Такви примери се Зеф Љуш Марку каде има 150 слободни места за албански наставен јазик, 109 места во гимназијата Панче Арсовски и 73 на македонски наставен јазик во Јосип Броз Тито. Вториот уписен рок почна денеска а од МОН апелираат полуматурантите паметно да избираат.
Слободни места Училиште
5 СУГС Орце Николов
83 СУГС Раде Јовчевски Корчагин
73 македонски наставен јазик СУГС Јосип Броз Тито
8 турски наставен јазик СУГС Јосип Броз Тито
109 македонски наставен јазик СУГС Панче Арсовски
28 македонски наставен јазик СУГС Кочо Рацин
41 СУГС САРАЈ
150 албански наставен јазик СУГС Зеф Љуш Марку
Сите одлични ученици не завршиле основно со реални петки, основците потфрлија на квалификациските тестирања за упис во средно образование. Таков е примерот со тестирањето во средното Ѓорѓи Димитров кое беше едно од најатрактивните училишта за упис. Квалификациските тестирања веројатно ќе се спроведат и по вториот уписен рок во некои училишта како што е гимназијата Орце Николов каде се останати само уште пет слободни места.
И оваа година интересот за средно стручно образование е огромне. Ранг листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули. На 4 јули ќе се организира тестирањето и крајни резултати ќе бидат објавени по добивањето на резултатите.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар