Министерство за правда: Помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда
Со новиот Закон за помилување кој вчера беше разгледан и утврден на седница на Влада, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица, појаснуваат од Министерството за правда.
При изготвување на законот, како што соопштија денеска од Министерството за правда, биле разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.
Од Министерството за правда велат дека причините за донесување на Законот за помилување произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот.
-Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизаат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот. Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими. Односно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето, појаснуваат од Министерството за правда.
Исто така, се вели во соопштението, се разработува постапката за помилување, при што клучни се и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, како и на нивните претпоставени.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата