Министерот за правда Лога се сретна со координаторите на пратеничките групи во Собранието
Министерот за правда Кренар Лога денеска се сретна со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ Арбр Адеми и на Алијанса на Албанците, Аднан Незири, на кој присуствуваше и заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.
Наредната недела за прв пат со физичко присуство ќе се одржи седница на Советот за реформи во правосудниот систем на која ќе се рагледува Стратегијата за развој на правосудството 2023-2027. Министерот Лога упати покана до ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат на седницата и да дадат забелешки за Стратегијата.
На состанокот се разговарало за состојбата со Судскиот совет и можноста за законски измени со кои ќе се надминат проблемите со кои се соочува оваа институција, соопшти Министерството за правда.

Како што се наведува, Лога информирал за законодавната агенда, можноста од носење на Закон за амнестија по примерот од 2018 година за полесни кривични дела со што, како што се наведува, ќе се овозможи растеретување на затворите.
На средбата се зборувало и за Законите за помилување, за ОТА, за АНБ, за Јавно обвинителство, за катастар, за правда за децата и други.
Координаторите на пратеничките групи му се заблагодариле на министерот за правда Лога за информациите кои биле споделени со нив и изразиле подготвеност за натамошна соработка.
Ново на Сител
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Вино што зборува на светски јазик: Бидете дел од петтото издание на саемот Wine Vision!
-

Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI
-

Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
