Министерот за дијаспора Адеми во посета на БиХ
Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, на покана на Европското движење на Босна и Херцеговина денеска ќе престојува во Сараево, каде што ќе учествува на регионалниот форум на тема „Време е за Европа“ во организација на Европското движење на БиХ.
На форумот, како што соопшти неговиот Кабинет, Адеми ќе има обраќање на тема „Европската агенда, регионалното партнерство и улогата на дијаспората во економскиот развој“.
За време на престојот во Сараево, министерот ќе се сретне со Семиха Боровац, министерка за човекови права и бегалци во Владата на БиХ, со високиот претставник на Босна и Херцеговина Валентин Ицко, и со Бранко Ружиќ, министер за државна управа и локална самоуправа во Владата на Република Србија.
На регионалниот форум, од страна на Европското движење на БиХ на Адеми ќе му биде доделено признание за „Исклучителен придонес во регионалната соработка и разбирање помеѓу културите“.
Ново на Сител
-
Тошковски за случувањата со Арсовска: Ова што го гледа македонската јавност е циркус пред локални избори, да беше во првата година ќе беше за поздрав
-
Сиљановска Давкова: Извонреден е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот
-
СВР Скопје поднесе пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“
-
Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
-
Поминал со возило но не се заканувал, се расчистува случајот со заканите кон Арсовска
-
Тошковски: Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука
-
Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин