-->
-->
Министерот Попоски на Самитот за Западен Балкан во Париз
-->

Заменик претседателот на Влада на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на третиот самит за Западен Балкан кој се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Република Франција Франсоа Оланд.
На сесијата на министрите за надворешни работи која ја водеше МНР на Франција Жан Марк Еро со учество и на комесарот за добрососедска политика на ЕУ и преговори за проширување Јоханес Хан, соопшти денеска македонското МНР, биле дискутирани прашања од областа на миграциите, борбата против тероризмот и радикализацијата, политиките за младите и економските реформи како еден од предусловите за пристапувањето во ЕУ.
Попоски, стои во соопштението, истакнал дека покровителството на Франција и Германија на самитите на високо ниво посветени на земјите од Западен Балкан, како највлијателни земји членки на ЕУ, се најдобра гаранција за враќање на кредибилитетот на проширувањето и перспективата регионот да стане дел од ЕУ. Ваквиот интерес, се подвлекува, е силен сигнал и поттик за економскиот развој и подобрата иднина за младите од регионот.
- Значаен е моментот по одлуката за излез од ЕУ на Обединетото Кралство. Франција и Германија денес потврдуваат дека ветувањето за цел Балкан во ЕУ ќе биде исполнето. Веројатно за повеќемина се научени лекциите од минатото, кога Балканот беше извор на нестабилност. Најдобар начин тоа да се избегне повторно е интегрирањето на цел регион во ЕУ, истакнал Попоски, стои во соопштението од МНР.
Тој заклучил е дека е потребно ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот преку позначителни грант средства и нивно комбинирање со средства од кредитни линии што ќе придонесе за унапредување на инфраструктурното поврзување помеѓу земјите и зголемување на инвестициите.
Според Попоски, се вели во соопштението, важно е барањето на механизми за надминување на билатералните спорови да остане високо на агендата на процесот, како помеѓу земјите кандидати така и помеѓу земјите кандидати и земјите членки на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
